Ти си мојот сон...
29, Municipality of Negotino, Macedonia




Кога сонцето ја залева малата зелена трева со свои
допири, тревата се смее со сини, мали цветчиња.. Моите допири секогаш
ти ги галат мислите, а таму мали насмевки молчливо гледаат. Знам дека
можам да ги најдам сите мали нешта во светот, но тебе никогаш нема да
те пронајдам. Ти си онаму каде што не е мојот свет. Ти си кралска
пеперуга која не е од моето кралство..





Твојата тишина се чини најмала, но целосна.
Ова е мојот живот! Животец под сенката на прав конец.
Линеарно се движам без да помислам дека можеби копликациите би биле
поинтересни. Лажам! Патот ми е испревртен како шарите на арлекинскиата
капа. Но јас сум само лажливец, скриен под сенката на праволинискиот
конец тегнејќи го во мојот правец. Јас ја одредувам нејзната големина,
ги цртам линиите на нејзините крилја и ги бојам истите со најубави бои
кои ги има во мојот дворец. Ја дувам високо над мене. Таа лета радосно
одалечувајќи се од замокот, а таму, во далечина само тивки траги на
облаците од боите на нејзините крилја. Можев само да се восхитувам
бидејќи тоа беа моите бои. Моите бои.. на нејзните крилја..






Таму останаа сите сите мои соништа! Погледни нагоре.. сеуште се таму..


Кога
ќе изгрее новото сонце, ќе погледнам во твојот правец. Надежите сеуште
ги праќам по тебе како повик да си дојдеш.. Насмевките ги делам на
секој цвет кој служел како твое огледало. Погледите ги враќам во себе и
замижувам, спремна за нов поглед во ново утро со нови надежи и старите
мисли испратени по тебе. По твоите насмеани очиња кои секогаш ме гледаа
од долу, дури и кога те дувнав повисоко од облаците..



Понекогаш мислам дека постоиш само во моите избледени
мисли.. навистина бледнеат.. Намини пак те молам, напој ги со твоите
бои.. Постоиш ли или јас сеуште не научив што е живот, а што сон..




49 views
 
Komente
in4ence 24.07.2009

*THUMBS UP* *THUMBS UP* *KISSING*

Ditar
Blogët shkarkohen çdo 5 minuta