16.06.2012
СКОПЈЕ
47, Skopje, Macedonia

СКОПЈЕ или како што на почетокот се нарекувал СКУПИ, своето име го добил во 694-695 година после Христа кога Словенското племе БРСЈАЦИ го зазема СКУПИ и му го дава името што го носи и денес.Тоа било некад, да се вратиме на поблиското минато. После земјотресот Скопје беше прогласен за отворен град илити град на солидарноста. И почна Скопје да се гради, и не престана да се гради, и уште се гради. Се ора на велико. Што памет имал оној кој му текнало за оваа заебанција. Му дишел мозокот нема друго, до ден денес неможе градов да се оправи. Комотно може на влезот у Скопје да се стави знак - Добродојдовте у Зону Сумрака. Али за мегаумовите од нашето слааавно минато во некоја друга прилика. Отворен град или кој неможе да се снајде нека дојде у Скопје тука ќе се вработи и ожени или омажи, нема проблем за сите има по нешто ние сме солидарни. Дури тука во Скопје у времето кога гребаторите ќе побараат цигара а ја нормално не давам а тие одма, е бе госпоѓо, ич не си солидарна.Мене јанѕа ме јаде, како смее у град на солидарноста да не бидеш солидарен. Нормално после тоа ги нудиш со цигара и без да ти побараат. Сум се осеќала као Лех Валенса. Во некое село се одвивала ваква конверзација.Тато, јаска не можа да наа момичка, да не сум дибидус загуљан как цреп. Ајанасана синко, ај не се секирај ного, земај руби че курдисааме во Скопјето, таму че ти нааме невеста тие се солидарни. И земи од това слаткото од ѕрѕалии за по пат и побрзај да не го испуштииме рејзо. Или у превод, тато, неможам да најдам девојка, да не сум ептен смотан како саксија. Бре мајката синко, не се секирај многу, земај облека ќе одиме во Скопје таму ќе ти најдеме невеста тие се солидарни. И земи од тоа слаткото од кајсии и побрзај да не го испуштиме автобусот. И така ги зедоа куќните љубимци, кокошки и петли, му ја викнаа “Ја сам рођен у цвећу ливада,чувах стада покрај реке Груже, ал заволех девојку из града... и правец Скопје. Бишките ќе ги земат ко ќе се снајдат. Обично ги земаат приземните станови. Одма го оградува тревњакот тура жива ограда, ако може и колата да ја паркира под прозор уште боље и тера ич не му чуе. Атмосфера како на село. Инаку во Скопје низ вековите поминале многу окупатори. Окупирале што окупирале, завршила окупацијата и како сите културни окупатори си ги собрале парталите и си отишле. Денешниве окупатори ај нека биде ова окупатори под наводници немаат таква намера. Дојдоа Косовари, потоа скоро цела источна Македонија, Охриѓани, Стружани, Битолчани и тако даље. Кој све не дојде. Кога сме веќе кај Битолчани, неможам а да не се сетам при моите летни посети на БТ, кога ќе ме прашаа, море Скопски знајш шо значи она СК на регистрацијана. Скопје им викам ебате беља што може да значи. Не,скопска курва и смеење до посер. Ај сега како да вратам. БТ,ај тоа Б лесно ама она Т ми прави проблем. Битолска тутурутка, ма јок не е доволно остро. Т,тенџере, ќууути, немој да си писнал само ќе се изрезилам си викам у себе. Па маме му ебам на оној кој ги правел регистрацииве. Намерно 1оо посто. Ај да бев у Прилеп, ПП, лесно ко пасуљ одма ми текна, вака. Па се спрдачеа со нашиот скопски жаргон. Идам ја да викнам некој за надвор, копиљаци да се поиграме, звонам и културно викам добар ден ќе искочи тој и тој. Шо збораш мореее, дрекна татко му на другарчево, кај да искочи, низ прозор и прсна да се смее. Тој се кљафти ја се чудам. Кога се стабилизира малку ми вика, Море Скопски, кога ќе научите да зборате македонски, а. Абе никад не ми било јасно зашто не мрзат толку. Ние солидарни а тие се спрдачат со нас. Иди у Охрид колата партал, иди у Битола ако не изедеш ќутек на коњ си. А ако се пуштиш на некое момче или чупе треба мотор на нуклеарен погон да туриш у газот за да спасиш жива глава. Не мрзат а пак цела држава се бутна тука. Викаат парите биле сконцетрирани тука. Ајдее, продаваат ниви, куќи, крави доаѓаат со кеш па после парите биле тука. Па нормално дека се тука они самите ги носат. У последно време кружат муабети дека и скопските проститутки трпат загуби. Доаѓа конкуренција од провинција и спушта цена. Не е убаво тоа. Ако почнало се со мегамајндс продолжува и со денешниве симплимајндс. Скопје уште се шири. Се градат згради а богами и трговски центри. Кој што отвара ние трговски центри. Како тргнало уште малку секој ќе има свој трговски центар. Ќе се среќаваме на улица, каде бе. Еве, до кај трговскиот. -Кај ти се наоѓа. Под прозор. Немаше друго слободно место. Дури ќе почнеме и да измислуваме пцовки ради тоа. На пример, ма иди бре у трговски центар или - на мајка ти у сред трговски центар. Или да колнеме, да даде господ да имаш па да немаш трговски центар или -гол низ трговски центар да ти шетам. Бајките ќе почнуваат со „Си бил еднаш еден трговски центар...“ Највероватно ќе се снимаат и филмови со таа тематика. Блокбастери како на пример “Беше еднаш у Трговски центар„ веќе го гледам постерот за англиското говорно подрачје ROBERT DE NIRO in “Once Upon a Time in Shopping Mall„ или“Лоренс од Трговскиот центар„.Потоа,Џек Николсон ќе одглуми за Оскар у “Лет изнад Трговског центра“ Може и Чак Норис да го ангажираме во “Исчезнати у Трговскиот„ а може и порнич да снимиме “Деби го осваја Трговскиот„ зашто да не, а може и наши преработки, да речеме “Трговскиот центар во пламен„ -Ремек дела,башка и пари ќе носат. Ќе пееме и песни, три-четри, - Сношти минав покрај трговски, тебе моме не те најдооов... -Селимова и Желчевски гордо ќе пеат - Сношти поминав, заминав покрај трговските центари. Бен сени северам, Чок сени северам, покрај трговските центари. А сега сите да станеме -Денес над тррррговскиот се раѓа,ново сонце на слободата... И додека ред се редат, мале Трговските центри, Скопје се дави у гомна. Тамам сте помислиле дека некоја улица е асфалтирана, ете ти, пукнала цевка. Кај може да издржи. 10 иљади души на една цевка. Поготово скопската цевка најизложена е у зима кога со секое идење у вц се испуштаат отровни супстанци, мешавина од кисел купус, кисели краставици, туршија, нормално дека ќе пукне, да беше од Криптонит направена ќе пукнеше. Тоа е темпирана бомба, нема шала со тоа. Што, претерувам. Не речи двапати. Што сакам да кажам? Дека Скопје е пренаселено, тоа сакам да го кажам. Единствен град у свет што ќе има повеќе жители него целата држава. Ама ние ќе си ќутиме и трпиме и ќе научиме да дишеме на шкрги. Пошто и Водно кај и да е ќе го снема,а Скопје без Водно како жена без цицки. А Македонија без Битола, Охрид, Берово, Штип или Струмица како маж без мандалото. Мене се ми се чини ако не се преземе нешто може комотно сите заедно да идеме у три трговски центра. Ете си кажав што мислам. Викаат дека хартијата трпи се. Ако нека трпи, доста ја трпев. П.С.ПОСВЕТЕНО НА ОНИЕ КОИ ОСТАНАА У СВОЈТЕ УБАВИ ГРАДОВИ РЕЧНИК НА ПОЗНАТИ СКОПСКИ ЖАРГОНИ: У - ВО КОПИЉ - ДЕТЕ,ОБИЧНО ПРЕД ТИНЕЈЏЕРСКА ВОЗРАСТ ВИКА - ЗБОРУВА,КАЖУВА ИСКОЧИ - ИЗЛЕЗЕ СПРДАЧАТ,СПРДАЧЕЊЕ - СЕ ЗЕЗААТ,ЗЕЗАЊЕ ЗАЕБАНЦИЈА,ЗАЕБА - ШАЛА,ГЛУПОСТ,ЗАФРКНА ЕБАТЕ БЕЉА - ТОА ЗНАЧИ И НИШТО ДРУГО,КАЈ ДА ГО ТУРИШ ОДГОВАРА

од авторот:
nis1971

11 views
 
Komente

Nuk ka ende komente.
Lini komentin tuaj, filloni diskutimin!

Ditar
Blogët shkarkohen çdo 5 minuta