Брачна двојка од Севиља заврши в затвор, откако по една година одлучија да се смират.
Шпанскиот суд ги прати в затвор неименуваниот брачен пар од Севиља,
бидејќи ја прекршиле судската забрана за доближување еден на друг во
круг од 500 метри.
Парот се развел во 2008г, а сопругот според законот за семејно
насилство не смеел да и се приближи на жената, ниту да и се јави. Сепак
тие одлучиле да се смират, но за тоа не го известиле судот, што биле
должни да го направат.
Судијата не го прифатил нивното објаснување и мажот е осуден на шест, а жената на четири месеци затвор.
Мажот и жената раскинале во септември минатата година, а судот одредил
забрана за приоѓање бидејќи по прекинувањето на врската неколку пати се
степале на улица, па дури на судот.
Тие пред еден месец одлучиле да се смират и да пробаат да го продолжат заедничкиот живот.
Но, кога полицаецот, кој бил задолжен да ја чува сопругата, видел дека
мажот и приоѓа на улица и дека ја бакнува, ги уапсил и двајцата, иако
му кажале дека повеќе не се скарани.
па што му е на судот :-$ ......зар и против љубовта има закони :-$