* Оној кој не верува никому, се исповедува на сите со ред.
* Можам јас и поедноставно, ама за тебе тоа е минус повеќе.
* Луѓето станале толку себични, што веќе не оставаат ни впечаток.
* Ако секој е кројач на својата судбина, моите ножици сигурно се тапи.
* Ако веќе си успеал да се закачиш за моите мисли, држи се цврсто !
* Правиш ли нешто друго освен што паѓаш во моите очи?
* Гледај што ќе правиш со моите мисли, зашто јас веќе не им можам баш ништо ...
* Не ти вреди да се изјаснеш до крај ако не си јасен од почеток.
* Не е секој човек приказна за себе ... некои се само една реченица.
* Кога некој ќе ти застане на патот, заблагодари му. Можеби ти застанал на погрешниот ...
* Контролирај ја упорноста. Колебањето нешто ми се буни ...
* Прилико, пропушти се еднаш и сама да не морам јас пак ...
* Не знам до каде смеам да знам, само знам дека повеќе не смеам.
* Не ме оптеретува твоето присуство , ако не ти смета што јас не сум тука ...
И за убав викенд - Отидов да ги спружам на жица плановите кои ми пропаднаа во вода.
Бидете во добро расположение.
М
Не е секој човек приказна за себе ... некои се само една реченица (10 преку сила).
Ги има и само со еден збор. *THUMBS UP*
Bonus vir semper tiro.
Добро *DRINK*
pozdrav i do tebe
*HI*