Има ли? Постои ли во нашава напатена државичка или не?
Мојот службен психијатар вика вака: ако си зборуваш сам со себе , не страшно, нормално е.
Ако почнеш да зборуваш со предмети и слични нешта околу тебе - не е добро но има надеж.
Но, ако почнат предметите да почнат да ти одговараат и разговараат со тебе .... под итно барај помош.
Деновиве некако почнав да си правам муабети сама со себе, па се тешам дека сеуште е нормално :D
Дијалог - 1:
- оооооо комшивке, слушнав нешто ново.
- Па да ... повелете да се напиеме, спремаме веридба па и свадба потоа ...
- Еј, а трудна е?
Дијалог - 2:
- Ало?
- Да, јас сум. Се јавив да ве поканам на нашата фамилијарна веселба ... итн.
- Лелееееее шо убаво .... со среќа да им е на младите. Ајде , ајде, бабооооо .... трудни сме?
- Јас не сум, не е ни невестата а колку шо знам не е ни зетот труден .... ( длабока фрустрирачка воздишка ... )
Дијалог -3:
- Ај добар ден ... редно е да ве поканам бла бла бла ....
- Среќа на младите, вакви такви благослови и неизбежно прашањето кое веќе ми го преврти и стомакот - Ќе бидеш баба???
( и сите останати дијалози се исти .... )
Толку ги превртев очите шо мислам дека и мозокот си го видов ...., не бре не брзаат со години се заедно, не е трудна невестата, НЕ не е труден ни зетот, за остала родбина не знам ќе прашам .... ама веридба и свадба ќе има!!!
Пак не прашав можда е трудна свекрвата ....
*OK* *HI*
*HI* *DRINK*
vidi ja ti svekrvata majcina.... *YAHOO*
:D :D :D трудна е :-P