dragand95's blog

dragand95
59, Municipality of Berovo, Macedonia

13.10.2008

Застанува една жена пред кафезот на еден папагал и го прашува..
- Ти, птичурино, знаеш ли да збориш?
А папагалот и’ одговара:
- А ти,дебела бабо, знаеш да леташ?!??
             
                                  ************************


Полицаец застанува автомобил и му вели на возачот:
-Поминавте на црвено!
Возачот му вели..
- Па да, во кафана снема бело па моравме така.




Ги разгледува синот на Трпе старите фотографии од неговите родители
,кога на една слика го гледа Трпе како седи на столица,а мајка му стои покрај него,и го прашува:
-Тато,каков си бе ти џентлмен,си седнал на столицата а мама си ја оставил да стои покрај тебе?
-Слушај бе сине да ти кажам.Оваа слика е направена после првата брачна ноќ,кога мајка ти не можеше да седи,а јас не можев да стојам!

                                    *****************************

Си лежела Трпана на плажа и си се сончала.По некое време се загледала во морето и почнала да вика:
-Синеееее,немој да пливаш толку далеку,може да те фати грч !!!!
На неколку метри од неа се сончала плавуша и после неколку моменти и таа се развикала:
-Даркоооооо,немој да пливаш во длабоко,ИМА ГРЧЕВИ !!!!!!!!!!



   


Како се вика Циган што продава ЦД-та?
ЦД-РОМ!

Адам и Ева биле Македонци.Зошто?
Затоа што биле голи и боси,и мислеле дека живеат во Рајот!

Кога ловецот ја зборува вистината?
Кога на другиот ловец му вели дека лаже!

Која е разликата меѓу Македонската и Италијанската мафија?
Италијанската е во илегала!

И за крај: Која е разликата меѓу комарецот и сопругата?
КОМАРЕЦОТ ТЕ НЕРВИРА САМО ВО ЛЕТО!!!


Една жена од Саудиска Арабија побарала развод бидејќи нејзиниот сопруг, по 30 години брак посакал да и’го види лицето.

 

Иако ова делува неверојатно, жената тврди дека нејзиниот сопруг во претходните 30 години ниту еднаш не видел ниту дел од нејзиното лице, бидејќи тоа е во склад со традицијата од нејзиното родно место.

Жената не ја симнувала шамијата од лице ниту во кревет и така било се’ до минатиот месец, кога нејзиниот сопруг конечно посакал да види каква му е жената.

Додека таа спиела, мажот се обидел да ја симне шамијата од нејзиното лице, но таа се разбудила и веднаш му кажала дека се разведува.

Иако сопругот и се извинил и ветил дека никогаш повеќе нема да се обиде да и’ го види лицето, жената не се откажува од разводот. Таа ја напуштила куќата во која, како што вели, ја посрамотиле.

Во многу исламски земји правило е жените да го покриваат лицето кога се во јавност, но не и кога се дома. Таков обичај постои само во некои зафрлени делови на Саудиска Арабија, најконзервативната од сите исламски земји. 


Полага Хасо испит по физика.
Професорот го поставува првото прашаење.  Хасо не знае.Второто исто, третото усто.
- Па добро бе Хасо, знеш ли ти нешто?
- Знам, како не, еве знам со глава да заковам клинец во ѕид.
- Со глава во ѕид?!? Епа ејде, ако успееш веднаш ти пишувам 6!
Хасо со еден удар го заковува клинецот.
- Браво Хасо, досега не сум видел вакво нешто, заслужи шестка!
Во тој момент клинецот излага од ѕид.
- Професорот: А што е ова!
- Ма ништо, во другата просторија Мујо полага математика! 


Гневна 35 годишна жителка на Виена го претепала својот поранешен сопруг, соседката, како и полицаецот кој се обидел да ја смири ситуацијата.

 

Инцидентот се случил во нејзиниот стан, по кавга со поранешниот сопруг. Соседката, која била вознемирена од расправијата, излегла во ходникот за да им се пожали, по што пресметката целосно ескалирала.

Воинствената жена прво ги тргнала рацете од поранешниот сопруг, кој веќе имал модринки по лицето, и ја нападнала соседката,обвинувајќи ја дека и соперничка.

Почнала да ја удира и да ја влече за коса, тврдејќи дека е во врска со нејзиниот екс сопруг.

Во меѓувреме пристигнала и полицијата, во обид да воведе ред. Додека полицајците правеле записник, жената нападнала еден од полицајците, повредувајќи му го носот. Полицајците на крајот успеалe да ја смират разбеснетата жена, која била и под дејство на алкохол. 


Уште неколку факти за Chuck Norris

 

 


- Chuck Norris има YahooMail на Hotmail.

 

- Chuck Norris гледа 60 минутен филм за 20 минути.

 

- Chuck Norris кога прави склекови, не ги турка рацете, туку ја турка земјата.

 

- Chuck Norris има IP адреса 0.0.0.0.

 

- Сите деца носат маици од Superman, а Superman носи маица oд Chuck Norris.

 

- Chuck Norris може да го избрише Recycle Bin.

 

- Откога беше Chuck Norris на Марс, таму веќе нема живот.

 

   -Во  што е разликата помеѓу мачка и Chuck Norris?
  - Mачката има само 9 животи.

 

- Chuck Norris не носи саат, тој одлучува колку е часот.

 

 


Германски забар провалил во куќата на клиентка и и ги извадил забите бидејќи навреме не му платила полна цена за неговата стоматолошка услуга.

Забарот од  баварскиот град Неу-Улм провалил во куќата на жената, ја заврзал и и’ ги извадил двата керамички мостови што и’ги поставил, пренесува хрватски Дневник.

Вкупната цена на неговата услуга изнесувала 500 евра и откако осигурителната компанија на жената одбила да го плати наведениот износ забарот ги презел работите во свои раце. 


Се среќаваат некаде во Грција  Буш  и Груевски, и  Буш му вели: 
-Леле,колку е мал светот! Пак се сретнавме!
-Не е мал светот,МАКЕДОНИЈА Е ГОЛЕМА-одговорил на тоа нашиот премиер.

П.С. ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ-МАКЕДОНИЈА(од авторот на блогот)


25.09.2008

Уловил Мујо златна рипка и оваа му вика:
-Пушти ме и ќе ти  исполнам една желба!
 -Е како тоа,во сите други вицови исполнуваш по три желби,а мене само една?- ја прашува Мујо.
-Или една или ниедна!
-Добро,ако е така,сакам од утре да бидам принц.
Утредента влегува во спалната соба принцезата Фата и со нежен глас почнала да го буди Мујо:
-Ајде,принцу Фердинанд,разбуди се. Те чека пат за Сараево!

(настаните што следувале потоа ги има забележано во историјата)


Ditar
Blogët shkarkohen çdo 5 minuta